Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 39:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А ти човечки сине, пророкувај против Гога и речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве Ме против тебе, Гоже, голем кнезу на Рош, Месех и Тувал!

2. Ќе те намамам и ќе те поведам, ќе те подигнам од крајниот север и ќе те доведам на Израелевите гори.

3. Ќе ти го избијам лакот од левата рака и ќе ги истурам стрелите од твојата десница.

4. На Израелевите гори ќе паднеш ти и сите твои чети и народите кои ќе бидат со тебе: те дадов за храна на грабливите птици на сè крилесто, и на ѕверовите.

Прочитајте целосна глава Езекиел 39