Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 39:18-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Најадете се месо од јунаци и напијте се крв од земните кнезови, од овни, од јагниња, од јарци, од јунци, од згоен васански добиток!

19. Најадете се мрсно до наситување и напијте се до опијанување од крвта на Моите жртви што ви ги заклав за вас.

20. Наситете се на мојот стол со коњи и коњаници, со јунаци и секакви војници! - зборува Господ Бог.

21. Таќа ќе се прославам меѓу народите, и сите народи ќе ги видат судот што ќе го извршам и раката што ќе ја дигнам против нив.

22. Ќе знае Израелевиот дом дека Јас Сум Господ, нивниот Бог - од тој ден засекогаш.

23. И ќе знаат народите дека Израелевиот дом беше одведен во ропство заради своите престапи: Ме изневери па го скрив Моето лице од нив и ги предадов во рацете на нивните непријатели, за да загинат од меч.

24. Постапив со нив според нивната нечистота и според нивните престапи, и го скрив Моето лице од нив.”‘

25. Затоа Господ Бог зборува вака: ‘Сега ќе го вратам Јакововото робје и ќе го помилувам сиот Израелев дом - ревнив на Моето свето име,

26. ќе им го простам: срамот и сите неверства со кое што Ме изневерија додека уште живееја спокојно во земјата и немаше никој за да ги заплашува.

27. А кога ќе ги доведам од народите и ќе ги соберам од непријателските земји, и кога врз нив пред очите на многу народи, ќе ја покажам Мојата светост,

28. ќе знаат дека Јас Сум Господ, нивниот Бог, Кој ги одведе во ропство меѓу народите и Кој пак ќе ги собере во нивната земја, не оставајќи онаму ниту еден од нив.

29. И никогаш веќе не ќе го кријам лицето од нив, зашто Мојот Дух го излеав врз Израелевиот дом’- зборува Господ Бог.”

Прочитајте целосна глава Езекиел 39