Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 4:5-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Ти давам по ден за година на нивните гревови: триста и деведесет денови ќе го носиш гревот на домот Израелев.

6. А кога ќе го завршиш тоа, ќе лежиш четириесет денови на десната страна, за да го носиш гревот на Јудиниот дом; ти давам по ден за секоја година.

7. Тогаш сврти го лицето кон опсадуваниот Ерусалим, протегни ја голата десница и пророкувај против него.

8. А Јас ќе те врзам со јажиња, за да не можеш да се вртиш од едната страна на другата додека не ги исполниш деновите на својата опсада.

9. Земи пченица, јачмен, грав, леќа, просо и ‘рж, стави го тоа во еден сад и направи си леб од тоа. Ќе го јадеш онолку денови колку што ќе лежиш на својата страна: триста и деведесет денови.

10. Јадењето што ќе го јадеш ќе биде измерено: дваесет сикли на ден; а ќе го јадеш во одредено време.

11. И вода ќе пиеш со мерка шестинка од ин. Ќе ја пиеш во одредено време.

12. А ќе јадеш погача од јачмен што ќе ја испечеш пред нив врз човечка нечистота.”

13. И Господ рече: „Така Израелевите синови ќе го јадат својот нечист леб меѓу народите меѓу кои ќе ги протерам.”

14. Јас му одговорив: „О Господи, Боже, ете, мојата душа не е извалкана, зашто уште од детството не вкусив ништо пцовисано ни раскинато, ниту во мојата уста влезе некогаш нечисто месо.”

15. А Тој рече: „Ете, ти давам кравска лепешка место човечка нечистота, за да испечеш леб врз неа!”

16. Уште ми рече: „Човечки сине, ќе ја уништам во Ерусалим последната поткрепа во леб, и ќе јадат леб со мерка и со тешкотија и ќе пијат вода со мерка и со тресење од страв.

17. Нека им снема леб и вода, нека се исушат заради своето беззаконие и нека изгинат еден по друг.

Прочитајте целосна глава Езекиел 4