Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 4:6-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. А кога ќе го завршиш тоа, ќе лежиш четириесет денови на десната страна, за да го носиш гревот на Јудиниот дом; ти давам по ден за секоја година.

7. Тогаш сврти го лицето кон опсадуваниот Ерусалим, протегни ја голата десница и пророкувај против него.

8. А Јас ќе те врзам со јажиња, за да не можеш да се вртиш од едната страна на другата додека не ги исполниш деновите на својата опсада.

9. Земи пченица, јачмен, грав, леќа, просо и ‘рж, стави го тоа во еден сад и направи си леб од тоа. Ќе го јадеш онолку денови колку што ќе лежиш на својата страна: триста и деведесет денови.

10. Јадењето што ќе го јадеш ќе биде измерено: дваесет сикли на ден; а ќе го јадеш во одредено време.

11. И вода ќе пиеш со мерка шестинка од ин. Ќе ја пиеш во одредено време.

Прочитајте целосна глава Езекиел 4