Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 40:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во дваесет и петтата година на нашето ропство, во почетокот на годината, во првиот месец, во десеттиот ден, а во четиринаесеттата година откако падна градот, токму во оној ден, Господовата рака се спушти на мене.

2. И ме одведе во божествен привид во Израелевата Земја, та ме постави на многу висока гора. На неа, од јужната страна, беше нешто како соѕидан град.

3. Ме поведе натаму, и ете, човек блескав како бронза, стоеше на вратата, со ленено јаже и со мерачка трска во раката.

4. И тој човек ми рече: „Човечки сине, гледај со своите очи и слушај со своите уши, запомни сè што ќе ти покажам, зашто си доведен тука за да ти покажам. Извести му на Израелевиот дом сè што ќе видиш тука.”

Прочитајте целосна глава Езекиел 40