Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 40:28-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Потоа ме воведе низ јужната врата во внатрешниот двор. И ја измери јужната врата: беше со исти мерки.

29. Собите, столбовите и тремовите беа со исти мерки. Вратата и нејзиниот трем имаа прозорци секаде наоколу. Тука беа педесет лакти во должина дваесет и пет лакти во широчина.

30. А сè наоколу тремови: долги дваесет и пет лакти, а широки пет лакти.

31. Тремовите се тегнеа кон надворешниот двор. На нивните полустолбови палми, а пристапот кон нив имаше осум басамаци.

32. Потоа ме поведе кон источната врата на внатрешниот двор. И ја измери вратата: беа со исти мерки.

33. Нивните соби, полустолбови и тремови беа исто така со исти мерки. Вратата и нејзиниот трем имаа прозорци секаде наоколу. Во должина беа педесет лакти, а во широчина дваесет и пет.

34. Нивниот трем беше кон надворешниот двор. На нивните полустолбови од оваа и од онаа страна имаше палми. Пристапот кон нив имаше осум басамаци.

35. Потоа ме одведе кон северната врата. И ја измери: беше со исти мерки.

36. Нивните соби, полустолбовите и тремовите беа исто така со исти мерки. Вратата и нејзиниот трем имаа прозорци секаде наоколу. Тука беа педесет лакти во должина, а дваесет и пет во широчина.

37. Тремот достигаше до надворешното предворје. На столбовите од оваа и од онаа страна имаше палми. Пристапот кон нив имаше осум басамаци.

38. Покрај столбовите на вратата имаше соба со посебен влез; таму ги миеја палениците.

39. Во тремот на вратата од едната и од другата страна имаше по два стола за колење на паленици за грев и приноси за престапи.

40. И од надворешната страна на оној кој влегува низ влезот на северната врата имаше два стола; а од другата страна, кон тремот на вратата, два стола.

41. Четири стола од едната а четири стола од другата страна на вратата: вкупно осум столови, врз кои се колеа жртви.

42. И четири стола за паленици, од делкан камен. Беа по лакот ипол широки и лакот високи. Врз нив стоеше приборот за колење на паленици и други жртви.

Прочитајте целосна глава Езекиел 40