Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 40:30-45 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. А сè наоколу тремови: долги дваесет и пет лакти, а широки пет лакти.

31. Тремовите се тегнеа кон надворешниот двор. На нивните полустолбови палми, а пристапот кон нив имаше осум басамаци.

32. Потоа ме поведе кон источната врата на внатрешниот двор. И ја измери вратата: беа со исти мерки.

33. Нивните соби, полустолбови и тремови беа исто така со исти мерки. Вратата и нејзиниот трем имаа прозорци секаде наоколу. Во должина беа педесет лакти, а во широчина дваесет и пет.

34. Нивниот трем беше кон надворешниот двор. На нивните полустолбови од оваа и од онаа страна имаше палми. Пристапот кон нив имаше осум басамаци.

35. Потоа ме одведе кон северната врата. И ја измери: беше со исти мерки.

36. Нивните соби, полустолбовите и тремовите беа исто така со исти мерки. Вратата и нејзиниот трем имаа прозорци секаде наоколу. Тука беа педесет лакти во должина, а дваесет и пет во широчина.

37. Тремот достигаше до надворешното предворје. На столбовите од оваа и од онаа страна имаше палми. Пристапот кон нив имаше осум басамаци.

38. Покрај столбовите на вратата имаше соба со посебен влез; таму ги миеја палениците.

39. Во тремот на вратата од едната и од другата страна имаше по два стола за колење на паленици за грев и приноси за престапи.

40. И од надворешната страна на оној кој влегува низ влезот на северната врата имаше два стола; а од другата страна, кон тремот на вратата, два стола.

41. Четири стола од едната а четири стола од другата страна на вратата: вкупно осум столови, врз кои се колеа жртви.

42. И четири стола за паленици, од делкан камен. Беа по лакот ипол широки и лакот високи. Врз нив стоеше приборот за колење на паленици и други жртви.

43. Столовите беа орабени наоколу со жлепчиња од еден лакот, свртени кон внатре. На столовите се ставаше жртвено месо.

44. Потоа ме поведе во внатрешниот двор. Во внатрешниот двор беа две простории: едната беше на страната на северната врата, свртена кон југ, а другата на страната на јужната врата, свртена кон север.

45. И тој ми рече: „Таа просторија што е свртена кон југ е одредена за свештениците, кои ја вршат службата во Домот.

Прочитајте целосна глава Езекиел 40