Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 43:18-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. И ми рече: „Човечки сине, Господ Бог зборува вака: ‘Ова се жртвените прописи по кои, во свое време, треба да се подигне жртвеникот, за да се принесуваат на него паленици и за да се прска крв по него.

19. На свештениците левити, на Садоковите потомци, кои што пристапуваат кон Мене за да Ми служат - говори Господ Бог - ќе им дадеш јунче за жртва за грев.

20. Ќе ја земеш неговата крв и со неа ќе ги намачкаш четирите рогови на жртвеникот и четирите агли за да го очистиш и за да го осветиш.

21. Потоа земи го јунчето и изгори го на одделеното место на Домот надвор од Светилиштето.

22. Утреден принеси јарец без недостаток како жртва за грев, нека се очисти со него жртвеникот, како што беше очистен со јунчето.

23. А кога ќе го очистиш, принеси јунец без недостаток и овен без недостаток од стадото;

24. принеси ги пред Господа, а свештениците нека ги посипат со сол и нека Му ги принесат како паленица на Господа.

25. Седум денови, секој ден принеси по еден јарец за грев: и нека бидат принесени јунче и овен од стадото, обата без недостаток.

26. Седум денови нека го очистува жртвеникот и нека го очисти и осветува.

27. Откако ќе се исполнат тие денови, од осмиот ден натаму свештениците нека ги жртвуваат врз жртвеникот вашите паленици и жртви за грев; и ќе бидам милостив кон вас’ - говори Господ Бог.”

Прочитајте целосна глава Езекиел 43