И ми рече: „Човечки сине, ова е местото на Мојот Престол ова е место на стапалките на Моите нозе: тука, сред Израелевите синови, ќе престојувам засекогаш. Израелевиот дом нема да го обесветува веќе Моето свето име - ни тие ни нивните цареви - со своето блудствување и со труповите на своите цареви, по нивните високи места.