Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 46:13-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Секој ден ќе Му принесуваш на Господа за паленица јагне годиначе, без недостаток; ќе го принесуваш секое утро.

14. А лебниот принос со него принесувај го секое утро по шестина ефа и по третина ин масло, за да се попрска брашното; тоа нека Му биде лебен принос на Господа според вечна уредба.

15. И така треба да се принесуваат јагне, лебен принос и масло секое утро постојано како паленица.”

16. Господ Бог зборува вака: „Ако кнезот му даде подарок на некој свој син од своето наследство, тој дар ќе им припадне ним во сопственост како наследство.

Прочитајте целосна глава Езекиел 46