Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 47:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа ме одведе назад кон вратата на Домот. И ете: вода извираше под прагот на Домот, кон исток - зашто лицето на Домот беше кон исток - и водата истечуваше под десната страна на Домот, јужно од жртвеникот.

2. Потоа ме изведе низ северната врата и ме помина наоколу по надворешниот пат кон надворешната врата што гледа кон исток. И ете, водата извираше од десната страна.

3. Човекот тргна кон исток со јаже во раката, измери илјада лакти и ме помина преку водата, а водата ми стигнуваше до глуждовите.

4. Таму пак измери илјада лакти и ме помина преку водата, а водата беше до колена. И пак измери илјада лакти и ме помина преку водата што беше до појасот.

5. Пак измери илјада лакти, ама таму беше поток што не можев да го поминам, зашто водата придојде та требаше да се плива: тоа беше поток што не можеше да се помине.

6. И ме праша: „Гледаш ли човечки сине?” И ме одведе назад, на брегот на потокот.

7. И кога се вратив, ете, на брегот имаше многу дрва на обете страни.

8. И ми рече: „Оваа вода тече во источниот крај, се спушта во Арабах и тече во морето; а кога ќе се влее во морето, водите ќе му оздрават.

9. И каде и да потече потокот, секое суштество што се движи ќе биде живо; и ќе има мошне многу риби, зашто каде и да дојде оваа вода, сè оздравува и оживува - каде и да протече овој поток.

10. И рибарите ќе рибарат вдолж морето: Од Ен Гад до Ен Еглаим ќе се сушат мрежи; и ќе има мошне многу секакви риби како во Големото Море.

11. А мочуриштето на она море и неговите бари не ќе оздрават: ќе бидат за сол.

12. Вдолж потокот на обете страни ќе растат секакви овошки: лисјата нема да им паѓаат и од нив нема да снемува плод; секој месец ќе раѓаат нов плод, зашто водата им дотечува од Светилиштето. Нивниот плод ќе биде за јадење, а лисјата за лек.”

Прочитајте целосна глава Езекиел 47