Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 47:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. А западната страна: граница е Големото Море, па во близина до влезот во Емат - тоа е западната страна.

21. Таа земја разделете ја меѓу себе според Израелевите племиња.

22. Ќе ја поделите со жрепка во наследство меѓу себе и меѓу придојдениците, кои што живеат сред вас и што сред вас народија деца. И нив ќе ги сметате домородци меѓу Израелевите синови, за да добијат и тие наследство со жрепка меѓу Израелевите синови.

23. На секој тој придојденик доделете му наследство во племето во кое што живее” - говори Господ Бог.

Прочитајте целосна глава Езекиел 47