Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 48:13-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. А на левитите, исто како и на свештеничкото подрачје: дваесет и пет илјади лакти во должина и десет илјади лакти во ширина - вкупно дваесет и пет илјади лакти во должина, десет илјади во ширина.

14. Од тоа ништо не смее да се продаде ни да се замени; врз никого не смее да се пренесува таа првина на земјата, зашто Му е посветена на Господа.

15. Пет илјади лакти во ширина, што ќе останат од оние дваесет и пет илјади, нека биде општо подрачје: за градот, за населбата и за чистината. Градот нека биде во средина.

16. Еве ги мерите: на север четири илјади и пет стотини лакти; на исток четири илјади и пет стотини; на запад четири илјади и пет стотини.

17. А чистината околу градот: двеста и педесет лакти кон север, двеста и педесет кон југ, двеста и педесет кон исток, двеста и педесет кон запад.

18. Што ќе остане во должина, вдолж на светото подрачје - десет илјади лакти кон исток и десет илјади кон запад, вдолж на светото подрачје - тоа нека биде за издржување на оние кои му служат на градот.

19. Тие што му служат на градот ќе се земат од сите Израелеви племиња.

20. И така, сето задржано подрачје - дваесет и пет илјади лакти по дваесет и пет илјади лакти, во четириаголник - ќе Му го принесете на Господа: и светото подрачје и градскиот имот.

21. На кнезот му припаѓа што ќе остане: од обете страни на светото подрачје и на градскиот имот - кон исток дваесет и пет илјади лакти, кон источната страна, и кон запад дваесет и пет илјади лакти, кон западната страна, наспоредно со другите подрачја - сè тоа е за кнезот. А во средината е светото подрачје и Светилиштето на Домот.

22. Од левитскиот имот и од градскиот имот што е во средината, му припаѓа на кнезот; и меѓу Јудиното и Венијаминовото подрачје: и тоа е на кнезот.

23. Другите племиња: од исток до запад - Венијаминов дел.

Прочитајте целосна глава Езекиел 48