Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 5:15-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Да, ќе бидеш за укор и срам, опомена и ужас за околните народи, кога ќе ги извршам против тебе сите Свои судови казнувајќи гневно, јаросно. Јас , Господ, реков!

16. И кога на вас ќе ги пуштам лутите стрели на гладот, што сотруваат што ќе ги пуштам на вас, за да ве уништам и за да ве сотрам со глад, ќе ви ја уништам и последната поткрепа во леб.

17. А освен гладот ќе пуштам на вас и лути ѕверови, што ќе ти ги раскинуваат децата; помор и крв ќе те преплават: ќе те свртам под Својот меч. Јас, Господ, реков!’”

Прочитајте целосна глава Езекиел 5