Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 6:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш ми дојде Господово слово, велејќи:

2. ”Човечки сине, сврти го лицето кон Израелевите Гори и пророкувај против нив.

3. Речи: ‘Израелеви гори, чујте го словото на Господ Бог!’ Господ Бог зборува вака: „Гори и брежиња, ровови и долини, еве, ќе го спуштам мечот врз вас и ќе ги оборам вашите високи места!

4. Ќе запустат вашите жртвеници и ќе бидат урнати вашите идолски столбови, а вашите загинати ќе ви ги фрлам пред киповите.

5. Ќе ги расфрлам труповите на Израелевите синови пред нивните кипови, и ќе ги расеам вашите коски околу вашите жртвеници!

6. Каде и да живеете, вашите градови ќе бидат запустени, високите места ограбени, жртвениците ќе ви запустеат и ќе бидат уништени, вашите кипови ќе бидат оборени и ќе ги снема, вашите столбови ќе бидат здробени, сите ваши дела ќе пропаднат.

7. Загинатите ќе паѓаат меѓу вас, и ќе знаете дека Јас Сум Господ.

8. Ама сепак ќе поштедам некои од вас: тие ќе му избегаат на мечот меѓу народите, кога ќе се распрснете по земјата.

9. Тогаш преживеаните меѓу вас ќе си спомнат за Мене меѓу народите каде што ќе бидат одведени во ропство, кога ќе им го скршам прељубничкото срце зашто се одметна од Мене, и кога ќе им ги ископам блудничките очи зашто отидоа по нивните кипови. И тогаш сами себе ќе се замразат заради беззаконијата што ги направија со своите гадности.

Прочитајте целосна глава Езекиел 6