1. Пак ми дојде Господовото слово и ми рече:
2. ”Ти, човечки сине, речи: ‘Вака и зборува Господ на Израелевата Земја: „Крајот се приближува, свршетокот дојде, на сите четири страни на светот!
3. Сега ти е и тебе крајот! Мојот гнев ќе го излеам врз тебе, ќе ти судам според твоите патишта, и врз тебе ќе ги оборам сите твои гнасности!
4. И Моите очи не ќе те пожалат, нема да ти се смилувам, туку ќе те наградам според твоите патишта, твоите гнасности ќе останат во тебе. И ќе знаете дека Јас Сум Господ.”
5. Господ зборува вака: „Еве, една несреќа доаѓа!
6. Крајот доаѓа, ти доаѓа крајот, еве доаѓа!
7. Редот дојде врз тебе, жителу на земјата! Твоето време доаѓа, денот наближува стравотија е, а не радост во горите.
8. Ете, наскоро ќе го излеам гневот врз тебе! И Својата јарост ќе ја излеам врз тебе! Ќе ти судам според твоите патишта и ќе ги оборам врз тебе сите твои гнасности.
9. И Моите очи не ќе те пожалат, нема да ти се смилувам, туку ќе ти платам според твоите патишта, и твоите гнасности ќе останат во тебе! И ќе сознаете дека Јас Сум Господ, Кој удира.
10. Еве, еве денот доаѓа, те очекува, прачката веќе цвета и гордоста распапува,
11. а насилството се подига како жезло на безбожноста! И никој не ќе остане од нив, никој од нивното мноштво. Ништо од нивниот шум, нема вредност во нив.
12. Времето доаѓа, денот наближува! Кој купува нека не се радува, а кој продава, нека не тагува, зашто гневот се излева врз сето негово богатство.
13. Зашто кој ќе продаде нема да добие повеќе бидејќи продал, и никој нема да го зајакне животот со беззаконие!
14. Трубите трубат и сè е приготвено, но никој не тргнува во борба, зашто Мојот гнев се излева врз сето нивно мноштво.
15. Надвор - меч а внатре - помор и глад! И кој е во полето, ќе загине од меч, а кој е во градот, гладот и поморот ќе го уништат.
16. Кои ќе избегаат ќе се засолнат во горите како долински гулаби, а Јас ќе ги истребам сите, секого заради неговото беззаконие,
17. и сите раце ќе ослабеат и сите колена ќе се затресат како вода.
18. Ќе се облечат во вреќишта, трепет ќе ги опфати, срамот ќе ги покрие сите лица, сите глави ќе останат без коса!