Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 7:15-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Надвор - меч а внатре - помор и глад! И кој е во полето, ќе загине од меч, а кој е во градот, гладот и поморот ќе го уништат.

16. Кои ќе избегаат ќе се засолнат во горите како долински гулаби, а Јас ќе ги истребам сите, секого заради неговото беззаконие,

17. и сите раце ќе ослабеат и сите колена ќе се затресат како вода.

18. Ќе се облечат во вреќишта, трепет ќе ги опфати, срамот ќе ги покрие сите лица, сите глави ќе останат без коса!

Прочитајте целосна глава Езекиел 7