Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 8:5-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. И ми рече: „Човечки сине, подигни ги очите кон север!” И ги подигнав очите кон север. И ете, идолот, на ревноста беше и на север, покрај вратата на жртвеникот, на страната кон влезот.

6. И ми рече: „Човечки сине, гледаш ли што прават тие тука? Тоа се големи гнасности што Израелевиот дом ги прави тука, само за да Ме отстрани од Моето светилиште. А ќе видиш и полоши гнасности!”

7. И ме поведе до вратата на дворот. Погледнав, и ете, пукнатица во ѕидот.

8. И ми рече: „Човечки сине, пробиј го тој ѕид!” Го пробив ѕидот, а тоа - влез!

9. И ми рече: „Влези и погледај ги стравотните гадности што тука се прават!”

10. Влегов и погледнав, и ете, секакви слики на лазачи и на гнасни животни - сè идоли на Израелевиот дом, нашарани на ѕидот, секаде наоколу.

11. А пред тие идоли седумдесет луѓе од старешините на Израелевиот дом, и меѓу нив и Сафановиот син Јазаниј. И кај секого од нив во раката кадилница, од која се подигаше густ облак на силно мирислив темјан.

12. И ми рече: „Човечки сине, гледаш ли што во таа темнина прават старешините на Израелевиот дом, секој во својата насликана соба? И уште зборуваат: ‘Господ не нè гледа, бидејќи Господ ја напушти земјата!’

13. И уште ми рече: „А ќе видиш и полоши гнасности што се прават тука!”

Прочитајте целосна глава Езекиел 8