Стар Завет

Нов Завет

Исаија 10:18-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. И красотата на неговите гори и овоштарници ќе ја уништи од срцевината до кората, таа ќе биде како болен што згаснува;

19. ќе биде лесно да биде избројан, остатокот на горските стебла дете ќе ги запише лесно.

20. Во оној ден: Израелевиот остаток и преживеаните од Јакововата куќа, не ќе се потпираат веќе на оној кој ги бие, туку ќе се потпираат искрено на Господа, на Израелевиот Светец.

21. Остатокот ќе се врати, Јакововиот остаток при силниот Бог.

22. Навистина Израеле, твојот народ и да биде колку песок во морето, само неговиот Остаток ќе се врати, одредено е уништување, правдата се прелеа,

23. Господ, Господ над Воинствата, ќе ја уништи сета земја, како што ќе одреди.

24. Затоа Господ над Воинствата зборува вака: „О Мој народе што престојуваш на Сион, не бој се од Асирецот кога бие со бич, кога крева стап на тебе, како и Египет.

25. Зашто уште малку, многу малку, и ќе прекрати Мојот гнев, Мојата јарост ќе ги уништи.”

26. Господ над Војските ќе замавне со бич над нив како кога го удри Мадијам при стената Орив и ќе крене стап над морето како на Египетскиот Пат.

27. Во оној ден: ќе ти падне бремето од плеќи, и ќе го снема неговиот јарем од твојот врат.

28. Тој иде од Римон, доаѓа на Ајат, преминува преку Мигрон, го симнува бремето во Михмас.

29. Поминуваат низ клисури, ноќевалиштето им е во Гавај; Рама трепери, Сауловата Гаваја бега.

30. Викај гласно, ќерко Бат Галимова! Направи го да се чуе Лаис, беден Анатоте!

31. Мадмина побегна, гевимските жители избегаа.

32. Уште денес ќе застанам во Нов, сионските ќерки и се закануваат со рака на гората, на Ерусалимскиот Рид.

33. Ете, Господ, Господ над Војските, ги искаструва со страшна сила гранките, пресечени се највисоките врвови, најиздигнатите се снижени.

Прочитајте целосна глава Исаија 10