поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52
  53. 53
  54. 54
  55. 55
  56. 56
  57. 57
  58. 58
  59. 59
  60. 60
  61. 61
  62. 62
  63. 63
  64. 64
  65. 65
  66. 66

Стар Завет

Нов Завет

Исаија 11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ќе изникне фиданка од Јесеевите пенушки; стебло ќе никне од нејзиниот корен.

2. Господовиот Дух ќе почива на него, дух на мудроста и на разум, дух на совет и на сила, дух на знаење и на страв, Господен.

3. Господовиот страв ќе го вдахне, не ќе суди според виденото, ни ќе пресудува според чуеното,

4. туку ќе им суди по правда на бедните, и прав суд ќе им изречува на бедните на земјата. Со бичот на Своето слово ќе го шибне силникот, а со здивот од устата ќе го убие безбожникот.

5. Тој со правда ќе ги препаше бедрата, а со верност страните.

6. Волкот ќе живее со јагнето, рисот ќе лежи со јарето, телето и лавчето ќе пасат заедно, а мало детенце ќе ги води.

7. Кравата и мечката ќе пасат заедно, а нивните млади ќе лежат заедно, лавот ќе јаде слама како говедо.

8. Доилче ќе си игра над дупката на змијата, цицалчето ќе ја вовлекува раката во змииното легло.

9. Не ќе се прави повеќе зло, не ќе се опустува на сета Моја света гора: земјата ќе се исполни со знаење за Господа, како што морињата се полнат со вода.

10. Во оној ден: Јесеевиот корен, ќе биде издигнат како знаме на народите, луѓето ќе го бараат Него. И Неговото престојување ќе биде славно.”

11. Во оној ден: Господ ќе ја испружи раката повторно за да го откупи Остатокот на Својот народ, оние што ќе останат од Асирија и од Египет, од Патрос, од Етиопија и од Елам, од Сенар, од Емат и од морските острови.

12. Ќе им издигне знаме на народите, ќе им ги собере на Израел заробениците и ќе им ги собере на Јуда распрснатите, од сите четири краишта на земјата.

13. Ќе ја снема Ефремовата љубомора, ќе бидат истребени Јудините непријатели; Ефрем нема веќе да му завидува на Јуда, а Јуда не ќе му биде непријател на Ефрема.

14. Ќе им седнат на вратот на Филистејците на запад, заедно ќе ги пленуваат синовите на исток; својата рака ќе ја испружат на Едом и Моав, Амоновите синови ќе им бидат покорни.

15. Господ ќе го исуши заливот на Египетското Море, ќе замавне со раката против Еуфрат; со силата на ветерот ќе го разбие на седум потоци, за да може да се преминува во обувки:

16. и ќе му биде пат на Остатокот на Неговиот народ, кој ќе остане жив од Асирија, како што им беше на Израелците кога излегоа од Египетската Земја.