поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52
  53. 53
  54. 54
  55. 55
  56. 56
  57. 57
  58. 58
  59. 59
  60. 60
  61. 61
  62. 62
  63. 63
  64. 64
  65. 65
  66. 66

Стар Завет

Нов Завет

Исаија 13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Бреме против Вавилон што го виде Исаија, синот Амосов.

2. „На голо брдо кренете знаме, викајте им со сето грло, мавтајте со рацете за да влезат низ кнезовските врати.

3. Јас им дадов заповед на Своите избраници, кон Својот гнев ги повикав Своите јунаци, кои го слават Моето величество.”

4. Чуј! Врева на планините како од мноштво народ. Чуј! Шум од царствата на собраните народи. Господ над Воинствата ја прегледува војската за бој.

5. Од далечен крај, од границите на небото доаѓаат тие, Господ и оружјата на Неговиот гнев, за да ја погубат целата земја.

6. Ридајте, зашто е близу Господовиот ден, како гибел доаѓа од Сèмоќниот.

7. И затоа сите раце ослабуваат, секое човечко срце се истоштува,

8. стравотија ги обори, веќе ги опфатија труднички болки, и се грчат како родилка. Исплашени се набљудуваат еден друг, лицата им се како пламен.

9. Ете доаѓа лутиот Господов Ден гнев и јарост - за да ја претвори земјата во пустина, за да ги истреби грешниците од неа.

10. Зашто небесните ѕвезди а ни соѕвездијата не ќе блескаат веќе со светлина, сонцето ќе потемнее изгревајќи, и месечината не ќе свети веќе.

11. „Ќе го казнам светот за злото, безбожниците за беззаконието, ќе ја докрајчам горделивоста на горделивите, ќе ја понижам надуеноста на силниците.

12. Човекот ќе биде поредок отколку пречистено злато, смртникот поредок од офирското злато.

13. Ќе ги разнишам небесата, ќе се помрдне земјата од местото, од гневот на Господа над Воинствата, во денот на пламнатата Му јарост.

14. И тогаш, како исплашена газела, како овци што никој не ги собира, секој ќе му се врати на својот народ, секој ќе избега во својата земја.

15. Кого ќе го стигнат, ќе го пронижат, кого ќе го фатат, ќе го исечат со меч;

16. пред нивните очи ќе ги смачкаат нивните младенци, ќе им ги ограбат куќите, ќе им ги изнасилат жените.

17. Ете, ги кревам Мидијците против нив, кои не го ценат среброто и што го презираат златото.

18. Сите момчиња ќе бидат покосени, сите девојки сотрени, не ќе му се смилуваат на плодот на утробата, не ќе им се сожали окото на децата.

19. Вавилон, украс на царствата, убавина и горделивост халдејска, ќе биде како Содом и Гомор кога Бог ги сотре.

20. Никогаш веќе не ќе биде со жители, од род до род ќе остане ненаселен. Арабјанецот не ќе подига таму шатор, ниту пастирите ќе одморуваат таму.

21. Пустинските ѕверови ќе почиваат таму, бувовите ќе им ги наполнат куќите, ноевите ќе живеат таму, јарците ќе играат таму.

22. Хиените ќе вијат во неговите замоци, а чакалите во раскошните дворци. Неговото време наближува, деновите нема да му бидат продолжени.