Стар Завет

Нов Завет

Исаија 14:22-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. „Ќе станам против нив - вели Господ над Војските, и ќе му ги сотрам на Вавилон името и Остатокот, родот и породот - вели Господ.

23. Ќе им го дадам во сопственост на ежевите и на мочуриштата. Ќе го изметам со гибелна метла,” говори Господ над Воинствата.

24. Господ над Воинствата се заколна: „Што намислив, ќе се збидне, што наумив, ќе се изврши!

25. Ќе ја скршам Асирија во Својата земја, ќе ја згазам на Своите гори. Неговиот јарем ќе падне од нив, неговото бреме ќе падне од нивните плеќи.

26. Таква одлука е донесена против целата земја; таква рака е испружена против сите народи!

27. А кога Господ над Војските одлучи, кој ќе се воспротиви? Кога ќе ја испружи раката, кој ќе ја одврати?”

28. Во онаа година кога умре царот Ахаз беше објавено ова пророштво:

29. „Не радувај се, сета Филистејска Земјо, дека се скрши жезалот што те удираше, зашто од змииниот корен ќе излезе лутица, што ќе роди крилест змев.

Прочитајте целосна глава Исаија 14