Стар Завет

Нов Завет

Исаија 15:5-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Моавовото срце липа, неговите бегалци одат до Сигор. Да, за да се искачуваат плачејќи по ридот Луит; по Оронаимскиот Пат се разлева лелек над пропаста.

6. Да! Нимримските води станаа пустина: тревата се исуши, тревите исчезнаа, нема веќе зеленило.

7. Затоа печалбата што ја спечалија и она што заштедија ги носат преку Потокот на Врбите.

8. Да! пискот се разлева низ моавскиот крај: ридањето му е до Еглаим, плачењето му е до Вир-Елим.

9. Да! Димонските води се полни со крв, и уште една несреќа му придавам на Димон: еден лав за моавските бегалци и за преживеаните во земјата.

Прочитајте целосна глава Исаија 15