Стар Завет

Нов Завет

Исаија 18:5-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Пред бербата, кога лозјата процветуваат, и цветот узрева во гроздови, со ножеви ќе ги пресечат подниците, ќе ги подврзат, ќе ги отстранат гранките.

6. Сите ќе им бидат оставени на горските грабливци и на земните ѕверови. Грабливците ќе летуваат во нив и земните ѕверови ќе зимуваат.

7. Во она време висок и темнокожен народ, народ од кого се бојат отсекогаш, жилав и завојувачки народ, чија земја е избраздена со реки, ќе Му донесува дарови на Господа над Воинствата, при местото на Името на Господа над Војските - на гората Сион.

Прочитајте целосна глава Исаија 18