поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48
  49. 49
  50. 50
  51. 51
  52. 52
  53. 53
  54. 54
  55. 55
  56. 56
  57. 57
  58. 58
  59. 59
  60. 60
  61. 61
  62. 62
  63. 63
  64. 64
  65. 65
  66. 66

Стар Завет

Нов Завет

Исаија 19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пророштво за Египет. Ете, Господ седи на брз облак, доаѓа во Египет. Египетските идоли треперат пред Него, срцето на Египетците им примрува во градите.

2. „Ќе ги подбуцнам Египетците против Египетците, и брат ќе се бори против брата си; другар против другар, град против град, и царство против царство.

3. И духот на Египет ќе изнемошти, Јас ги спречувам неговите намисли; тие бараат идоли и вражалци, повикувачите на мртви и гатачи.

4. Ги предавам Египетците во рака на жесток господар, свиреп цар ќе владее над нив” - Слово е на Господа над Воинствата.

5. Ќе ја снема водата од морето, Реката ќе секне и ќе пресуши,

6. ќе засмрдат прокопите, ќе спаднат и ќе пресушат разделниците на Египетската Река. Ќе овенат: трската и рогозот,

7. сето зеленило покрај Нил; сите посеви покрај Нил ќе се исушат, ќе пропаднат, ќе се распрснат, ќе исчезнат.

8. Рибарите ќе тажат, ќе ридаат сите што фрлаат јадица во Нил; ќе жалат оние што оптегаат мрежа во водата.

9. Ќе се засрамат преработувачите на лен, гребенарите и ткајачите на бели ткаенини.

10. Ткајачите ќе се нажалат, работниците ќе се растажат.

11. Соанските кнезови се вистински безумници, мудрите фараонови советници советуваат неосновано; како се осмелувате да му речете на фараонот: „Ученик сум на мудреците, ученик на древните цареви?”

12. Па каде се твоите мудреци? Нека ти соопштат и нека ти откријат што намисли Господ над Воинствата со Египет.

13. Соанските кнезови се луди, мемфиските кнезови се измамени, тие го заведуваат Египет, главатарите на неговите племиња.

14. Господ влеа во нив зашеметен дух, па го заведуваат Египет во секое негово дејство, за да тетерави како пијаница кога блува.

15. Во Египет не ќе може веќе да успее ништо од она што го прават главата и опашката, палмата и трската.

16. Во оној ден Египетците ќе станат како жени, ќе треперат и ќе се бојат од замавнувањето на раката на Господа над Воинствата, со која ќе замавне врз нив.

17. Јудината Земја ќе биде ужас за Египет; кога ќе си спомни за неа, ќе го опфати страв заради она што Господ над Војските намисли против него.

18. Во оној ден, во Египетската Земја, пет градови што зборуваат на ханаански јазик ќе Му се заколнат на Господа над Воинствата; еден од нив ќе се вика Ахерес.

19. Во оној ден Господовиот жртвеник ќе биде среде Египетската Земја и столбот посветен на Господа близу до неговата граница.

20. Тоа ќе биде знак на Господа над Воинствата и сведоштво во Египетската Земја. Кога ќе Го повикаат Господа против угнетувачите, Тој ќе им испрати спасител и водач за да ги избави.

21. И ќе им се објави Господ на Египетците, и во оној ден Египетците ќе Го познаат Господа; ќе Му служат со жртви и приноси, ќе се заветуваат и ќе ги извршуваат заветите.

22. Господ ќе ги удри тешко Египетците, ама ќе ги излечи.

23. Во оној ден патот ќе води од Египет до Асирија. Асиријците ќе доаѓаат во Египет, а Египетците во Асирија. Египет и Асирија ќе Му служат на Господа.

24. Во оној ден Израел, ќе биде трет со Египет и Асирија, ќе биде благословен среде земјата.

25. Господ над Воинствата ќе го благослови: „Нека е благословен, ќе рече, Мојот Египетски народ, делото на Моите раце Асирија и Моето наследство Израел.”