Стар Завет

Нов Завет

Исаија 22:14-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Но Господ над Силите ми јави: „Додека не умрете, тој грев нема да ви биде простен,” рече Господ, Господ над Восјките.

15. Вака зборува Господ, Господ над Воинствата: „Тргни, оди кај оној дворјанец, кај Шевна, домоуправник на дворецот,

16. кој си делка гроб на високото место и си засечува живеалиште во стената: ‘Со што располагаш тука и кого го имаш тука, за да делкаш гробница за себе?

17. Ете, Господ ќе те фрли далеку со еден единствен удар, ќе те фати силно,

18. ќе те смота во клопче, ќе те фрли како топка во широка земја! Ти ќе умреш таму, со колата што ти беше слава, ти, сраму на дворецот на својот господар!

19. Ќе те лишам од твојата служба, ќе те истерам од твоето место.

20. Ќе го повикам својот слуга Елијаким, Хелкиевиот син.

21. Ќе му ја облечам твојата облека, ќе го препашам со твојот појас, ќе му ја предадам твојата власт во рацете, па ќе им биде татко на ерусалимските жители и на Јудината куќа.

22. Ќе му го ставам на плеќи клучот на Давидовиот Дом: Кога ќе отвори, никој не ќе затвори, кога ќе затвори, никој не ќе отвори.

23. Ќе го забијам како клин во цврсто место; и ќе стане престол на слава на татковиот си дом.

Прочитајте целосна глава Исаија 22