Стар Завет

Нов Завет

Исаија 22:17-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Ете, Господ ќе те фрли далеку со еден единствен удар, ќе те фати силно,

18. ќе те смота во клопче, ќе те фрли како топка во широка земја! Ти ќе умреш таму, со колата што ти беше слава, ти, сраму на дворецот на својот господар!

19. Ќе те лишам од твојата служба, ќе те истерам од твоето место.

20. Ќе го повикам својот слуга Елијаким, Хелкиевиот син.

21. Ќе му ја облечам твојата облека, ќе го препашам со твојот појас, ќе му ја предадам твојата власт во рацете, па ќе им биде татко на ерусалимските жители и на Јудината куќа.

22. Ќе му го ставам на плеќи клучот на Давидовиот Дом: Кога ќе отвори, никој не ќе затвори, кога ќе затвори, никој не ќе отвори.

23. Ќе го забијам како клин во цврсто место; и ќе стане престол на слава на татковиот си дом.

24. На него ќе биде закачувана сета слава на неговиот татковски дом, подниците и потомството, сите мали садови, од чаши до грнци.

25. Во оној ден - слово е на Господа над Војските - ќе го истргам клинот закачен во цврсто место, ќе се скрши и ќе падне. И сиот товар што висеше на него ќе се скрши, зашто Господ зборуваше.’”

Прочитајте целосна глава Исаија 22