Стар Завет

Нов Завет

Исаија 24:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ете, Господ ја запустува земјата, ја разурнува, и го обезобразува лицето, ги распрснува нејзините жители.

2. Свештеникот ќе биде како и народот, господарот како и слугата, господарката како и слугинката, продавачот како и купувачот, заемодавачот како и позајмувачот, оној што дава на заем како и должникот.

3. Земјата ќе биде запустена, сосем ограбена, зашто Господ одлучи.

4. Земјата тажи, венее, светот гине, згаснува, небото пропаѓа со земјата.

5. Земјата е онечистена под своите жители, зашто го престапија Законот, ја изгазија одредбата, го нарушија вечниот Завет.

6. Затоа проклетството ја проголтува земјата, нејзините жители се виновни. Затоа се изгорени земните жители и малку луѓе останаа.

7. Виното тагува, лозата венее, воздивнуваат сите што беа со весело срце.

8. Прекрати веселбата покрај тапаните, замре разиграната врева, прекратија веселбите покрај гуслето.

9. Не се пие веќе вино со песни, се згорчи жестокиот пијалак.

10. Суетниот град е разурнат, затворен е влезот во сите куќи.

11. Плач по улиците заради виното, ја снема секоја веселба, радоста е протерана од земјата.

12. Само пустота остана во градот, со тресок се скршени вратите;

Прочитајте целосна глава Исаија 24