Стар Завет

Нов Завет

Исаија 24:4-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Земјата тажи, венее, светот гине, згаснува, небото пропаѓа со земјата.

5. Земјата е онечистена под своите жители, зашто го престапија Законот, ја изгазија одредбата, го нарушија вечниот Завет.

6. Затоа проклетството ја проголтува земјата, нејзините жители се виновни. Затоа се изгорени земните жители и малку луѓе останаа.

7. Виното тагува, лозата венее, воздивнуваат сите што беа со весело срце.

8. Прекрати веселбата покрај тапаните, замре разиграната врева, прекратија веселбите покрај гуслето.

9. Не се пие веќе вино со песни, се згорчи жестокиот пијалак.

10. Суетниот град е разурнат, затворен е влезот во сите куќи.

11. Плач по улиците заради виното, ја снема секоја веселба, радоста е протерана од земјата.

12. Само пустота остана во градот, со тресок се скршени вратите;

13. зашто така се збиднува на земјата, меѓу народите, како кога ќе се соберат маслинките, или кога се дособира грозјето по гроздоберот.

14. Тие го креваат гласот, воскликнуваат од радост; го возвишуваат од морето Господовото величие.

15. Тие го слават Господовото Име на исток, го слават морските острови името на Господа, Израелевиот Бог.

Прочитајте целосна глава Исаија 24