Стар Завет

Нов Завет

Исаија 24:9-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Не се пие веќе вино со песни, се згорчи жестокиот пијалак.

10. Суетниот град е разурнат, затворен е влезот во сите куќи.

11. Плач по улиците заради виното, ја снема секоја веселба, радоста е протерана од земјата.

12. Само пустота остана во градот, со тресок се скршени вратите;

13. зашто така се збиднува на земјата, меѓу народите, како кога ќе се соберат маслинките, или кога се дособира грозјето по гроздоберот.

14. Тие го креваат гласот, воскликнуваат од радост; го возвишуваат од морето Господовото величие.

15. Тие го слават Господовото Име на исток, го слават морските острови името на Господа, Израелевиот Бог.

16. Од крајот на земјата ја слушаме песната: „Слава на Праведникот!” Но јас велам: „Пропаднав! Пропаднав! Тешко мене! Вероломците се изневерија со неверство, вероломците се изневерија.”

17. Страв, јама, стапица, за тебе, жителу на земјата:

18. Кој ќе избега пред гласот на стравот, ќе падне во јама, кој ќе се извлече од јамата ќе биде фатен од стапицата. Да, ќе ги отворам браните одозгора и ќе ги растресам основите на земјата.

19. Земјата ќе се разбие грозно, земјата ќе се распука страшно, земјата ќе се стресе силно,

20. земјата ќе се залула како пијаница, ќе се заниша како колиба, толку ќе и стежне нејзиното беззаконие, што ќе падне и веќе не ќе стане.

Прочитајте целосна глава Исаија 24