Стар Завет

Нов Завет

Исаија 25:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. На оваа гора Тој ќе ја скине завесата која ги покриваше сите народи, покривката што ги покриваше сите племиња,

8. и ќе ја уништи смртта засекогаш. И Господ Бог ќе ја избрише солзата од секое лице - ќе го симне срамот на Својот народ од целата земја: Господ рече така.

9. И ќе се рече во оној ден: „Ете, Овој е нашиот Бог, во Него се надеваме, Тој нè спаси; Тој е Господ во Кого се надевавме! Да Му воскликнуваме и да се веселиме на Неговото спасение.”

10. Зашто Господовата рака почива на оваа гора! Моав е изгазен на своето место како што се гази слама на буниште.

11. Таму Тој размавнува со рацете, како што ги размавнува пливачот кога плива. Но Господ ја оборува неговата горделивост и кревањата на неговите раце.

12. Високата тврдина на твоите ѕидови Тој ја разурнува, ја фрла на земја, ја руши во прав.

Прочитајте целосна глава Исаија 25