Стар Завет

Нов Завет

Исаија 26:15-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Го умножи народот, Господи, го умножи народот, Се прослави, ги прошири сите граници на земјата!

16. Господи, Те бараа во неволја; излеваа тивка молитва, кога ги стигна Твојата казна.

17. Како што трудната жена пред породувањето се грчи и вика во болки, такви сме, Господи, пред Тебе.

18. Забременивме, во маки сме како да раѓаме ветер, не и донесовме дух на спасение на земјата, ниту паднаа жителите на светот.

19. Твоите мртви ќе оживеат, телата ќе воскреснат. Разбудете се и воскликнувајте, жители на правот! Зашто Твојата роса е - роса на светлината, и земјата ќе ги исфрли мртвите.

20. Ајде, народе Мој, влези во собите и затвори ги вратите зад себе. Скриј се за миг додека не помине гневот.

21. Зашто, ете, Господ ќе излезе, од Своето Живеалиште, за да ги казни земните жители дека згрешија кон Него. Земјата ќе ја исфрли сета крв што е пролеана на неа и не ќе ги крие веќе оние кои беа убиени на неа.

Прочитајте целосна глава Исаија 26