Стар Завет

Нов Завет

Исаија 28:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тешко му на горделивиот венец на Ефремовите пијаници, на блескавиот накит на овенат цвет -на оние кои врз плодниот дол лежат испијанети со вино!

2. Еве, од Господа доаѓа еден силен и моќен, како пороен дожд со град, како разурнувачки виор, како истурување на облаците и поплава, и ги фрла со сета сила на земја.

3. Ќе биде изгазен со нозете горделивиот венец на Ефремовите пијаници,

4. и овенатиот цвет на неговиот блескав накит над плодните долини; ќе биде како смоква - ранка пред летото: штом некој ја забележува, веднаш ја бере.

5. Во оној ден, Господ над Воинствата ќе му стане круна на славата и сјаен венец на Остатокот на Својот народ -

6. Дух на правдата за оној кој седи на судска столица, и храброст за оној кој го одбива нападот на вратата.

7. Тие се занесуваат од вино се заблудуваат од жесток пијалак: свештениците и пророците се сопнуваат од жестокиот пијалак; победени од виното; обезумени од сикер; грешат во виденијата, се сопнуваат во судењето.

8. Сите трпези се полни со гнасни болваници, никаде нема чисто место!

9. „Кого учи тој на мудрост, кого упатува тој во учење? Зар децата одвикнати од млеко, одбиени од градите?

10. Заповед на заповед, заповед на заповед, правило на правило, правило на правило малку тука, малку таму.”

11. Да, со пелтечави усни и на странски јазик ќе му се зборува на овој народ.

Прочитајте целосна глава Исаија 28