Стар Завет

Нов Завет

Исаија 28:13-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Затоа Господ ќе им зборува вака: „ Заповед на заповед, заповед на заповед, правило на правило, правило на правило малку тука, малку таму.” За да паднат задничкум одејќи, за да се скршат, да се сплеткаат и да се фатат.

14. Затоа чујте го Господовото слово, вие потсмевачи, вие што владеете со овој народ, што е во Ерусалим.

15. Вие велите: „Склучивме сојуз со смртта и направивме спогодба со Подземјето. Кога ќе помине разурнувачкиот бич, не, нема да нè фатат, зашто од лагата си направивме засолниште и од измамата скривалиште.”

16. Затоа Господ Бог зборува вака: „Еве, поставувам одбран камен на Сион, скапоцен камен аголен, основник. Оној кој верува во него, не ќе пропадне.

17. И ќе ја земам правината за мерка, а правдата за мерилка.” И градот ќе ви го смете засолништето од лагата, а водата ќе ви го наводни скривалиштето;

18. ќе пропадне вашиот сојуз со смртта, вашата спогодба со Подземјето не ќе се додржи. Кога ќе помине разурнувачкиот бич, ќе ве сотре;

19. кога и да помине, ќе ве дофати; ќе поминува секое утро, дење и ноќе. И само гласот за него ќе внесува страв.

Прочитајте целосна глава Исаија 28