Стар Завет

Нов Завет

Исаија 28:18-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. ќе пропадне вашиот сојуз со смртта, вашата спогодба со Подземјето не ќе се додржи. Кога ќе помине разурнувачкиот бич, ќе ве сотре;

19. кога и да помине, ќе ве дофати; ќе поминува секое утро, дење и ноќе. И само гласот за него ќе внесува страв.

20. Постелата ќе биде прекуса за да се испружи човек, покривката претесна за да се завитка.

21. Да, како на гората Ферасим, Господ ќе стане, како во Гаваонската Долина, Тој ќе се разјари, за да го изврши Своето дело, чудесно дело, за да го исполни Својот наум, таинствен наум.

Прочитајте целосна глава Исаија 28