Стар Завет

Нов Завет

Исаија 3:14-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Господ доаѓа на суд со старешините и главатарите на Својот народ: „Го опустивте Моето лозје, во вашите куќи е што му одзедовте на сиромавиот.

15. Со кое право го угнетувате Мојот народ и го газите лицето на бедниот?” - Зборува Господ, Господ над Војските.

16. И Господ рече: „Зошто се гордеат сионските ќерки па одат со испружени вратови, намигнуваат наоколу со окото, чекорат со ситни чекори, ѕвецкаат со гривните на нозете?

17. Ќе го оќелави Господ темето на сионските ќерки, ќе ја открие Господ нивната голота.”

18. Во оној ден Господ ќе одземе сè со што се гордее таа: веришките на нозете, мрежите за коса и месечинките,

19. наушниците, нараквиците и превезите, главоврските, појасите, малите садови со мириси и приврските,

20. прстените и обетките за носот,

21. скапоцените облеки и плаштениците, приврските и торбичките,

22. огледалата и кошулчињата, преврските за глава и наметките.

23. Место благомириси, смрдеж; место појаси, јаже; место кадрави коси, ќелавост; место раскошна облека, вреќиште; место убавина, гнилеж.

24. Твоите мажи ќе паднат од меч, твоите јунаци во војна.

25. Твојата врата ќе кука и ќе тажи, ќе седиш напуштена на земјата.

Прочитајте целосна глава Исаија 3