Стар Завет

Нов Завет

Исаија 3:17-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Ќе го оќелави Господ темето на сионските ќерки, ќе ја открие Господ нивната голота.”

18. Во оној ден Господ ќе одземе сè со што се гордее таа: веришките на нозете, мрежите за коса и месечинките,

19. наушниците, нараквиците и превезите, главоврските, појасите, малите садови со мириси и приврските,

20. прстените и обетките за носот,

21. скапоцените облеки и плаштениците, приврските и торбичките,

22. огледалата и кошулчињата, преврските за глава и наметките.

Прочитајте целосна глава Исаија 3