Стар Завет

Нов Завет

Исаија 3:9-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Нивното лице сведочи против нив, го разгласуваат својот грев како Содом и не го кријат, тешко им ним, сами си спремаат пропаст.

10. Кажете: „Блазе му на праведникот, ќе се храни со плодот на своите дела!

11. Тешко му на нечесниот, ќе му биде зло, на него ќе паднат делата на неговите раце.

12. Дете го угнетува Мојот народ, и жените владеат со него. О народе мој, твоите владетели те заведуваат и го раскопуваат патот по кој одиш.”

13. Господ стана да се суди со Својот народ,

14. Господ доаѓа на суд со старешините и главатарите на Својот народ: „Го опустивте Моето лозје, во вашите куќи е што му одзедовте на сиромавиот.

15. Со кое право го угнетувате Мојот народ и го газите лицето на бедниот?” - Зборува Господ, Господ над Војските.

16. И Господ рече: „Зошто се гордеат сионските ќерки па одат со испружени вратови, намигнуваат наоколу со окото, чекорат со ситни чекори, ѕвецкаат со гривните на нозете?

17. Ќе го оќелави Господ темето на сионските ќерки, ќе ја открие Господ нивната голота.”

18. Во оној ден Господ ќе одземе сè со што се гордее таа: веришките на нозете, мрежите за коса и месечинките,

Прочитајте целосна глава Исаија 3