Стар Завет

Нов Завет

Исаија 32:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Еве со правда царот царува, кнезовите владеат со правина;

2. секој е како заветрина, прибежиште од невреме, како потоци во сува земја, како сенка во жедна пустина.

3. Очите на видовитите не ќе бидат веќе слепи, ушите на оние кои слушаат ќе слушаат внимателно;

4. срцето на неразумните ќе ја сфаќа мудроста, тепкавите ќе зборуваат брзо и јасно;

5. расипаните веќе не ќе ги викаат благородни;

6. зашто, расипаникот зборува лудости, и неговото срце смислува беззаконие за да направи злодела, за да зборува горделиво за Господа, за да му го остави празен желудникот на гладниот, за да му го скрати пиењето на жедниот.

7. Кај измамникот оружјето е пакосно, тој смислува само сплетки, за да го упропасти бедниот со лаги, па и кога сиромавиот докажува право.

8. На благородниот замислите се благородни и тој стои цврсто во сè што е чесно.

9. Станете, небрежни жени, слушајте го мојот глас; лесноумни ќерки, чујте ја мојата беседа.

10. За една година и неколку дена ќе треперите, лесноумници, зашто ќе нема гроздобер, не ќе се берат плодови.

Прочитајте целосна глава Исаија 32