Стар Завет

Нов Завет

Исаија 32:14-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Зашто, дворецот ќе биде напуштен, ќе запустее бучниот град; тврдината и стражарницата ќе станат пештера довека - ќе им бидат радост на дивите ослици, пасиште на стадата,

15. додека не се излее врз вас Духот од висините. Тогаш пустината ќе стане овошник, а овошната градина ќе се претвори во гора.

16. Правото ќе се настани во пустината, а правдата ќе престојува во плодоносното поле.

17. Делото на правдата ќе биде мирот, а плодот на праведноста, покој и надеж засекогаш.

18. Мојот народ ќе живее во мирни населби, во безгрижни одморалишта.

19. И снежен град ќе падне на шумите, градот ќе биде снижен во долините.

20. Блазе ви вам: кои сеете покрај сите води, пуштајќи ги волот и ослето да одат слободно.

Прочитајте целосна глава Исаија 32