Стар Завет

Нов Завет

Исаија 32:8-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. На благородниот замислите се благородни и тој стои цврсто во сè што е чесно.

9. Станете, небрежни жени, слушајте го мојот глас; лесноумни ќерки, чујте ја мојата беседа.

10. За една година и неколку дена ќе треперите, лесноумници, зашто ќе нема гроздобер, не ќе се берат плодови.

11. Треперете, вие безгрижни, смутете се, лесноумни, соблечете се, разголете се, опашете вреќиште околу бедрата!

12. Удирајте се по градите заради прекрасните полиња, заради плодните лозја;

13. заради нивите на Мојот народ, што раѓаат трња и трништа; заради сите весели куќи, на разиграниот град.

14. Зашто, дворецот ќе биде напуштен, ќе запустее бучниот град; тврдината и стражарницата ќе станат пештера довека - ќе им бидат радост на дивите ослици, пасиште на стадата,

15. додека не се излее врз вас Духот од висините. Тогаш пустината ќе стане овошник, а овошната градина ќе се претвори во гора.

16. Правото ќе се настани во пустината, а правдата ќе престојува во плодоносното поле.

17. Делото на правдата ќе биде мирот, а плодот на праведноста, покој и надеж засекогаш.

18. Мојот народ ќе живее во мирни населби, во безгрижни одморалишта.

19. И снежен град ќе падне на шумите, градот ќе биде снижен во долините.

Прочитајте целосна глава Исаија 32