Стар Завет

Нов Завет

Исаија 33:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тешко ти тебе кој незапустен, запустуваш, кој неограбен, ограбуваш, кога ќе прекратиш, тебе ќе те запустат кога ќе прекратиш да пљачкаш ќе те ограбат.

2. Господи, смилувај ни се, во Тебе се надеваме! Биди наша помош секое утро, наше спасение во секоја неволја.

3. Народите избегаа од силниот татнеж, Ти се дигна, племињата се распрснаа,

4. и се собира плен како што се собираат гасениците, ќе се нафрлат врз него како јато скакулци.

5. Господ е возвишен зашто престолува во висината, Тој го исполнува Сион со правосудство и со правда.

6. Надежен е твојот век: Мудроста и знаењето се спасоносно благо, а Господовиот страв негово богатство.

7. Ете, жителите на Ариел, викаат по улиците, гласници мироносци плачат горчливо.

8. Патеките запустеа, ги снема патниците од патиштата; сојузите се раскинуваат, ги презираат сведоците, нема обѕир кон никого.

Прочитајте целосна глава Исаија 33