Стар Завет

Нов Завет

Исаија 34:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пристапете племиња, за да чуете, внимателно слушајте, народи; чуј, земјо, и сè што ја исполнува, земен кругу и сè што расте во тебе!

2. Зашто Господ се разгневи на сите народи, се разјари на сета нивна војска. Ги отстапи на уништувањето, ги предаде на колеж.

3. Нивните убиени лежат, смрдеж се крева од многуте трупови, крвта потече низ горите,

4. се распадна сета небесна војска. Небесата се свитка како книга, и сета нивна војска паѓа, како што отпаѓа лозовиот лист, како што се тресе смоквиното лисје.

5. „Зашто испијанетиот меч на небото е Мој, ете, тој се нафрла врз Едом, за да го казни народот што го проколнав.

6. Господовиот меч е испијанет од крв, омрсен со мрсно, со крв од јагниња и јариња, со лој од овнешки бубрези. Зашто на Господа Му се принесува жртва во Восор, големо клање во Едомската Земја.

7. Со нив ќе бидат заклани биволите и јунчињата со биволите. Земјата ќе се напои со нивната крв, и нивниот прав ќе се омрси од мрсно.”

8. Зашто за Господа ова е ден на одмазда, година на наплаќање за да го одмазди Сион.

9. Неговите потоци се претворуваат во смола, неговиот прав во сулфур, и неговата земја ќе стане пламната смола.

10. Ни дење ни ноќе не ќе угасне, димот ќе и се дига довека, ќе остане пуста од колено до колено, во веки векови, никој не ќе поминува низ неа.

11. Ежот и чапјата ќе ја заземат, бувот и гавранот ќе престојуваат во неа. Ќе оптегне над неа јаже на запустеност и висулец на испразнување.

12. Не ќе ги има веќе нејзините благородници, таму веќе не ќе бидат прогласувани цареви, сите кнезови ќе и бидат уништени.

Прочитајте целосна глава Исаија 34