Стар Завет

Нов Завет

Исаија 35:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Нека се зарадува пустината, исушената земја, нека воскликнува степата, нека расцвета лилјанот.

2. Нека цвета бујно со цвет, да, нека воскликнува од веселба и нека се радува. & е дадена славата на Ливан, и убавината на Кармил и Сарон; тие ќе ја видат Господовата Слава, величието на нашиот Бог.

3. Закрепете ги изнемоштените раце, зацврстете ги ослабените колена!

4. Речете им на исплашените срца: „Бидете силни, не бојте се! Еве Го вашиот Бог, одмаздата доаѓа, Божјата плата, Тој Самиот брза да нè спаси!”

5. Очите на слепците ќе прогледаат, ушите на глувите ќе се отворат,

Прочитајте целосна глава Исаија 35