Стар Завет

Нов Завет

Исаија 35:3-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Закрепете ги изнемоштените раце, зацврстете ги ослабените колена!

4. Речете им на исплашените срца: „Бидете силни, не бојте се! Еве Го вашиот Бог, одмаздата доаѓа, Божјата плата, Тој Самиот брза да нè спаси!”

5. Очите на слепците ќе прогледаат, ушите на глувите ќе се отворат,

6. тогаш хромиот ќе скока како елен, јазикот на немиот ќе воскликнува. Зашто во пустината ќе бликнат води, а во степата потоци,

7. изгорената земја ќе стане езеро, а жедната почва - извори. Во дувлата во кои лежеа чакалите, ќе никне рогузина и трска.

8. Таму ќе има друм и пат, а ќе се нарече свет пат; нечистиот не ќе помине по него, но ќе биде за оној, кој оди по тој пат, дури и глупавите не ќе скитаат по него.

9. Таму не ќе има лав, ниту ѕвер ќе поминува таму, туку ќе одат само искупените,

Прочитајте целосна глава Исаија 35