Стар Завет

Нов Завет

Исаија 38:5-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. „Отиди и речи му на Езекија: ‘Вака вели Господ, Бог на твојот татко Давид: „Ја послушав твојата молитва, ги видов твоите солзи. Ќе те излечам; по три дни ќе влезеш во Господовиот Дом. Ќе му додадам на твојот век петнаесет години.

6. Ќе ве избавам и тебе и овој град од рацете на асирскиот цар. Да, ќе го заштитам овој град!”‘

7. Исаија одговори: „Еве ти знак од Господа дека ќе направи како што рече:

8. сенката што слегла по степените на Ахазовиот сончаник ќе ја вратам за десет степени назад.” И сонцето се врати за десет степени назад од степените по кои веќе беше слегло.

9. Песна на Езекија, јудејски цар, кога се разболе па оздраве од својата болест:

10. Говорев: „На пладне на своите денови јас треба да заминам. При вратите на Подземјето ми е одредено место за остатокот на моите денови.”

11. Зборував: „Не ќе Го видам веќе Господа во земјата на живите, не ќе видам веќе никого од жителите на овој свет.

12. Моето живеалиште е изместено, фрлено е далеку, како пастирски шатор; како ткајач го намота мојот живот за да ме скинеш од основата. Од утрото до ноќта ќе ме докрајчиш,

13. викам сè до утрото; како лав Тој ги крши моите коски, од утрото до мракот ќе ме докрајчиш.

14. Како ластовичка јас цивкам, барам помош како гулабица, моите очи гледаа кон небото, Господи, во неволја сум, спаси ме.

15. Како ќе Му зборувам и што ќе Му речам? Па Тој е кој дејствува. Ќе одам смирено во текот на сите мои години, иако со горчина во душата.

Прочитајте целосна глава Исаија 38