Стар Завет

Нов Завет

Исаија 41:18-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Ќе отворам реки на голите брегови, и извори среде доловите. Ќе ја претворам пустината во езеро, а сувата земја во кладенци.

19. Ќе посадам во пустината: кедар, багрем, мирта и маслинка. Степата ќе ја пошумам со чемпрес, со јавор и со бука заедно.

20. Сите нека видат и нека знаат, нека размислат и нека сфатат: Господовата рака го направи тоа, Израелевиот Светец создаде сè.”

21. „Изнесете го својот спор,” вели Господ, „предочете ги доказите,” вели Израелевиот Цар.

22. „Нека пристапат и нека ни јават она што ќе се збидне. Па зошто ни открија за она што беше, што се исполнило, за да мислиме за тоа? Или известете што ќе биде, за да дознаеме за она што доаѓа?

23. Откријте ни што ќе се случи после и ќе познаеме дека сте богови. Направете нешто, добро или зло, за да се зачудиме и да се исплашиме заедно.

24. Но вие не сте ништо и вашите дела се ништожни, гнасен е кој ќе ве избере.

25. Го кренав од север за да дојде, го повикав по име од исток. Ги газеше кнезовите како кал, како што грнчарот гази по глината.

26. Кој го соопшти тоа од старини да би сме го знаеле, кој прорече од напред да би сме рекле: ‘вистина е?’ Но нема никој кој би го јавил, ниту некој што би го навестил, ниту некој за да ги чуе вашите зборови.

27. Јас прв му реков на Сион: „Ете, еве го”; прв му го испратив на Ерусалим гласникот на Радосната вест.

28. Гледав, ама немаше никој, ниеден од нив за да даде совет, за да ги прашам и да одговорат.

29. Еве, сите заедно се ништо, ништожни се нивните дела, ветер и празнина нивните идоли.

Прочитајте целосна глава Исаија 41