Стар Завет

Нов Завет

Исаија 41:26-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Кој го соопшти тоа од старини да би сме го знаеле, кој прорече од напред да би сме рекле: ‘вистина е?’ Но нема никој кој би го јавил, ниту некој што би го навестил, ниту некој за да ги чуе вашите зборови.

27. Јас прв му реков на Сион: „Ете, еве го”; прв му го испратив на Ерусалим гласникот на Радосната вест.

28. Гледав, ама немаше никој, ниеден од нив за да даде совет, за да ги прашам и да одговорат.

29. Еве, сите заедно се ништо, ништожни се нивните дела, ветер и празнина нивните идоли.

Прочитајте целосна глава Исаија 41