Стар Завет

Нов Завет

Исаија 43:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Сега вака зборува Господ, Кој те создаде, Јакове, Кој те створи, Израеле: „Не бој се, зашто Јас те откупив; те повикав по име, ти си Мој!

2. Кога преминуваш преку вода, со тебе Сум; или преку река, нема да те потопи. Ако тргнеш низ оган, не ќе изгориш, пламенот нема да те опали.

3. Зашто Јас Сум Господ, твојот Бог, Израелев Светец, твој Спасител. Го давам Египет за твоја откупнина, ги давам Етиопија и Сева место тебе.

Прочитајте целосна глава Исаија 43