Стар Завет

Нов Завет

Исаија 43:12-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Јас прореков, спасив и навестив, и нема туѓинец меѓу вас! Вие сте Ми сведоци,” слово е Господово, „а Јас Сум Бог,

13. од вечноста - Јас Сум! И никој не избавува од Мојата рака; што ќе направам, кој може да го измени?”

14. Вака говори Господ, вашиот Искупител, Израелевиот Светец: „Заради вас испратив во Вавилон, ќе ги кутнам лостовите на затворите, и Халдејците ќе почнат да лелекаат.

15. Јас Сум Господ, вашиот Светец, Израелевиот Творец, вашиот Цар!”

16. Вака зборува Господ, кој направи пат по морето и патека по силните води;

17. „Кој ги изведе бојните коли и коњаниците, војската и јунаците, и тие паднаа за да не се кренат веќе, згаснаа, се угаснаа како фитил:

18. „Не спомнувајте си за она што се збидна, не мислете за она што помина.

19. Еве, правам нешто ново; веќе се појавува. Зар не забележувате? Да, ќе направам пат во пустината, и патека во безводна земја.

20. Дивите ѕверови ќе Ме слават, шакалите и ноевите, зашто ќе создадам вода во пустината, реки во степата, за да го напојам Мојот народ, Мојот избраник.

21. И народот што го создадов за себе ќе ја возвестува Мојата слава!

22. Но ти, Јакове, не Ме повика, ниту се измори околу Мене, Израеле!

23. Не Ми принесуваше јагниња за паленици, не Ме почитуваше со жртви. А Јас не те принудував за приноси, не ти здодевав барајќи кадеж.

24. Не Ми купуваше трска за сребреници, не Ме ситеше со салото од своите жртви; туку Ме мачеше со своите гревови, Ми здодеваше со своето беззаконие.

25. А Јас, заради Себе ги бришам твоите престапи, и не си спомнувам за твоите гревови.

26. Потсети Ме, за да се спориме заедно, зборувај Ми за да се оправдаш.

27. Прв згреши твојот татко, твоите посредници се одметнаа од Мене,

Прочитајте целосна глава Исаија 43